Она што пред неколку дена го најавија Италијанските медиуми се реализираше во текот на вчерашниот ден. Костас Манолас се сели во Наполи, то аи официјално е веќе потврдено од двата клуба.
Неговиот досегашен клуб Рома и официјално се збогуваше со грчкиот дефанзивец, посакувајќи му среќа во новиот клуб и објавувајќи видео со дел од неговите најважни моменти во составот на „волчицата“.
Манолас ќе биде дел од договорот меѓу Рома и Наполи, во кој во спротивна насока треба да замине Амаду Диавара, а Рома ќе треба да добие уште 12 фиксни и 3 милиони евра во вид на бонуси.
Манолас во Наполи ќе заработува 3,5 милиони евра годишно со дополнителен бонус од 1 милион евра, а во тимот на Наполи ќе го замени Раул Албиол кој замина во Вилјареал. Рома инсистирала дел од трансферот, односно продажбата на Манолас да биде реализирана до 30.Јуни за да влезе во фискалната година која завршува токму на последниот ден од јуни.
Вториот дел, односно купувањето на Диавара ќе биде реализирано во месец јули кога фудбалерот ќе се врати од настапот за Гвинеја на Африкански куп на нации.