Голманот на Баерн и Германија, Мануел Нојер, откри дека ќе ја носи капитенската лента со виножитото како поддршка на ЛГБТ заедницата за време на натпреварот од групната фаза на Светското првенство во Катар со репрезентацијата на Јапонија.
„Да, ќе носам лента со виножито на раката. Овој турнир е одличен експеримент за сите. Не се плашиме од последиците. Имаме поддршка од Германскиот фудбалски сојуз. Ние нема да бидеме единствениот тим што користи капиетнска лента со виножито“, изјави голманот на Германија.
Натпреварот од 1. коло од групната фаза на СП 2022 Германија – Јапонија ќе се одржи на 23 ноември на стадионот Калифа Интернационал во Доха (Катар). Средбата започнува во 14:00 часот, а овие два тима се дел од групата Е со соочуваат со Шпанија и Костарика.