Диего Армандо Марадона ќе се врати во тренерските води, објавија медиумите во Аргентина. Легендата на светскиот фудбал ќе седи на кромилото на Гиманзија која има разочарувачка сезона во Супер-лигата.
Марадона кој се враќа во родната земја по речиси десет години откако беше селектор на „гаучосите“, потпишал договор за една сезона со екипата на Гиманзија.
Како стојат работите, Марадона ќе има тешка задача да избори опстанок во елитата бидејќи неговиот тим по пет кола има само еден освоен бод и се наоѓа закован на дното на табелата.