Поранешната светска фудбалска ѕвезда, Диего Марадона, изјави дека најдобро за првата ѕвезда на аргентинскиот фудбал денеска, Меси е да остане надвор од репрезентацијата.
„Јас би го советувал да не се враќа во репрезентацијата. Аргентинскиот тим кога губи, тоа е грешка на Меси.ако се случи нешто друго, повторно Меси е виновен. него го обвинуваат за се. Јас би му рекол: Лео не се враќај, па да видиме што ќе прават сами“, порачал Марадона.
Последниот натпревар за репрезентацијата на Аргентина, Меси го одигра на СП.