Светскиот шампион со италијанскиот национален тим Марчело Липи е повторно назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Кина, објавија од локалната фудбалска федерација.
71-годишниот тренер ја напушти функцијата во јануари по елиминацијата од Купот на Азија, но ќе направи нов обид за пробив – овој пат во квалификациите за светското првенство во Катар.
Кина не играла на Мундијал од 2002 година наваму, додека Липи, кој ја освои светската титула со Италија во 2006-та година, беше назначен на функцијата во кинескиот национален тим во ноември 2016-та, но не успеа да го пласира тимот за Мундијалот во Русија.
Тој ја напушти функцијата по поразот со 0:3 против Иран во Купот на Азија и беше привремено заменет од Фабио Канаваро – капитенот на „азурите” во 2006-та година. Канаваро, сепак, ги загуби двата натпревари кога беше на чело на кинескиот тим против Тајланд и Узбекистан.