Енцо Мареска кој му беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, се осврна на критиките што ги добива шпанскиот стратег откако „граѓаните“ на последните 12 средби остварија само една победа и претрпеа дури 9 порази.
„Навистина ми е смешно кога слушам како го критикуваат Гвардиола и зборуваат дека со него е завршено – вели Мареска.
„ Ако сте во фудбалот и го погледнете бројот на повреди со кои се соочува, ќе заклучите дека тоа не е нормално“ – изјави Мареска кој седи на кормилото на Челзи.

