Фудбалерите на Челзи утре ќе го пречекаат составот на Астон Вила во рамките на 13 коло во најсилната лига на Англија. Нивниот менаџер, Енцо Мареска, гледа со пиетет кон колегата од спротивната страна –Унаи Емери.
„Вила има врвен менаџер. Тие покажуваат фантастични резултати и имаат многу добри играчи. Ќе биде тешко“ – потенцираше Мареска за сајтот на „сините“.
Средбата на стадионот –„Стемфорд Бриџ“ ќе биде одиграна в недела од 14.30 часот.

