Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, по триумфот против Брентфорд, изјави дека не очекува неговиот тим да стане шампион во Премиер лигата.
„Создадовме многу шанси и можевме да постигнеме повеќе голови. Има работи што можеме да ги направиме подобро. Добро ни оди во одбраната. Само две екипи примија помалку голови“ – вели Мареска.
„Не се работи за тоа на колку натпревари ќе победиме. Важно е да останеме реални. Во некои аспекти мораме да се подобриме, затоа реков дека не сме подготвени да се бориме за титулата“, потенцира Мареска.

