Фудбалерите на Челзи ја продолжија победничката серија откако доцна синоќа славеа против Гент со 4:2 во рамките на Конференциската лига.На стадионот – „Стемфрод Бриџ“ домаќините одиграа одличен меч а нивниот менаџер, Енцо Марсека, не крие дека е задоволен од перформансите на целиот тим.
„Имавме тежок меч. Жал ми е што примивме и втор гол. Мислам дека треба да бидеме подобри во одбраната“ – вели Мареска.
„Сините“ кои ја нанижаа и петтата победа во серија, сега ги очекува меч со Нотингем Форест во Премиер-лигата.

