Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, по победата над Барселона во Лигата на шампионите синоќа, не го криеше своето задоволство и од играта и од резултатот кој го постигна неговиот тим.
„Игравме добро дури и во формат 11 на 11. Знаете дека Барса е задоволна со топка, а не толку без неа. Се обидовме да ги пронајдеме нашите шанси, постигнавме голови, но три од нашите гола беа и поништени. Имаше и многу други шанси. По натпреварот, им кажав на играчите дека треба да се опорават, тоа е најважно. И почнувајќи од петок, треба да се фокусираат на Арсенал. Треба да го одржиме моментумот. Многу е полесно да се опоравиш кога победуваш на натпреварите“, изјавил Мареска.

