Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Енцо Мареска, го пофали Кол Палмер, кој во победата против Ливерпул со 3-1, беше стрелец на последниот гол за домаќините и тоа со удар од белата точка.
„Сега е среќен затоа што постигна гол и победивме. Палмер е играч кој може да прави работи што никој не ги очекува“ – рече Мареска.
„Атмосферата со навивачите беше една од најдобрите во сезоната и се надевам дека така ќе остане до крајот“ – нагласи тренерот на „сините“ од Лондон.

