Ѕвездата на Лестер, Ријад Марез, очигледно сака да го искомпликува неговиот трансфер во Манчестер Сити, бидејќи побарал финансиски бонус од „лисиците“ за неговиот трансфер кај „граѓаните“.
Двата клуба се на пат да постигнат договор за договорот вреден 75 милиони фунти, но Лестер одбива да му даде дел од парите на фудбалерот кој првично побара да си оди уште во јануари и поднесе барање за трансфер.
Активностите на Алжирец изгледаат апсолутно бесмислени, ако се знае дека кај Сити тој ќе добива многу повисока плата од сегашната, па воопшто нема потреба од дополнителни бонуси. Тој, сепак, смета дека е сосема во право да земе уште некој милион од Лестер.