Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Ријад Марез ја коментираше победата врз Спортинг (5:0) во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на фудбалските шампиони.
„Не, тоа не беше формалност. Не беше лесно. Бевме исклучителни во првото полувреме, бевме одлучни, ефикасни, постигнавме гол и тоа ја прави разликата“ – вели Марез.
„Целта ни е да стигнеме до наредната фаза. Постигнавме пет гола, мораме само да продолжиме напред“ – вели играчот на англискиот состав.