Алжирскиот фудбалер, Ријад Марез, кој во текот на летово го напушти Лестер и се пресели во редовите на шампионот на Премиер лигата, Манчестер Сити, имаше пех да се повреди на пријателскиот натпревар со Баерн Минхен.
Според најавите, голгетерот на „граѓаните“ ќе го пропушти мечот со Челзи предвиден во рамките на Комјунити Шилд. Тој веднаш беше испратен во Англија а лекарските прегледи ќе покажат колку ќе мора да одмора и дали ќе го пропушти стартот на новата сезона.
Неговиот тим првиот меч во Премиер конкуренцијата ќе го одигра на 12 август на теренот на Арсенал. Марез неодамна ги напушти „лисиците“ и за 68 милиони евра се пресели во Манчестер Сити.