Фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез, не ја искористи шансата да биде херој на вчерашното дерби на теренот на Ливерпул бидејќи промаши пенал во завршните минути од мечот.
„Мојот ефект за пенали е добар во Лигата на шампионите, но, не и во Премиер лигата. Мора да гледаме напред и да останеме силни. Во фудбалот се случуваат вакви работи“ – вели напаѓачот.
„Тоа нема воопшто да влијае врз мене, сите играчи промашуваат пенали, дури и најголемите. Секако дека сакав да погодам и да му помогнам на тимот на тешко гостување. Мојата идеја беше да шутнам во средината на голот, но, топката отиде погоре“ – објаснува Марез.