Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Денис Марфи, кој помина седум сезони на „Енфилд“, верува дека неговиот некогашен тим ќе ја добие трката за титулата во Премиер лигата со Манчестер Сити.
„Мислам дека Ливерпул е во предност, тие ќе ја освојат титулата. Само еден клуб ја има освоено титулата три пати во низа, сега мислам дека тоа нема да се случи со Манчестер Сити. Тие се насочени и посебно фокусирани на Лигата на шампионите и мислам дека тоа е предност за Ливерпул“ – вели Марфи.
„ Затоа ќе одам со Ливерпул како шампион, Сити втор а Тотенхем трет. Типувам дека Манчестер Јунајтед ќе заврши четврти додека Челзи ќе биде добар со Лампард иако ќе му биде потребно време. Сепак, му давам предност на Јунајтед поради квалитетот кој го има во нападот“ – вели Марфи во интервјуто за – „Мирор“.