Хозе Марија Марин, некогашен втор човек на Светската фудбалска федерација и претседател на Бразилската фудбалска конфедерација, поради корупција, заработи затворска казна од четири години .
Судот во Њујорк го прогласи за виновен 86-годишниот Марин со обвинение дека работел незаконски и дека примал мито.
Покрај ефективната казна на Марин му е изречена и глоба од 1,2 милиони долари. Тој ќе мора да го врати и износот од 3,3 милиони долари што го добил со направените малверзации.