Првиот човек на фудбалскиот состав Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, верува дека неговиот тим ќе ја запре лошата серија и ќе успее да се избри за опстанок во Премиер-лигата на Англија.
„ Никој не негира дека нашиот клуб е во тешка позиција но, сакаме да ставиме крај на шпекулациите и лажните вести во медиумите со тоа што ќе потврдиме дека Стив Купер останува наш менаџер“ – вели Маринакис.
„Сите сме разочарани и јасно е дека треба многу работа за да опстанеме. Нема време за гласини и шпекулации“ – потенцираше Маринакис.