Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку сигурно нема да биде меѓу стартерите во националниот тим на својата земја на неделниот натпревар со Мароко на Светското првенство, јавува агенцијата ДПА.
Лукаку добро се опоравува од повредата на бутот, но се уште не е целосно подготвен за игра.
„Сигурно Ромелу нема да биде на теренот од самиот почеток“, потврди на денешната прес-конференција селекторот на Белгија Роберто Мартинез.
„Тој добро закрепнува, но мора да почекаме и да видиме како ќе се чувствува по нашиот последен тренинг пред натпреварот. Од медицинска гледна точка, тој може да игра само на нашиот трет групен натпревар на Светското првенство“, прокоментира Мартинез.