Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марио Гете, потврди дека планира да го напушти клубот. Договорот на 27-годишниот Германец важи до крајот на јуни.
„Денес би сакал да објавам дека по внимателното размислување решив да направам промена во мојата кариера. Јас го сменив агентот. Ова е важна одлука за мојата спортска иднина”, изјави Геце за весникот „Мирор“.
Оваа сезона, Геце има одиграно 19 натпревари во сите натпреварувања за својата екипа, постигна 3 гола и една асистенција.