Португалскиот крилен напаѓач на Јувентус, Жоао Марио, кој игра како позајмен во редовите на Болоња, верува дека може да се врати во Торино и да има добра перспектива.
„Сè уште можам да имам иднина во Јувентус. Тука, тренерите имаат малку попретпазлив менталитет, иако очигледно морам да напаѓам и да се бранам“ – рече Марио.
„Во Болоња треба да докажам дека можам да играм во Серија А. Остануваат уште два месеца до крајот на сезоната, ќе видиме што ќе се случи“ – рече Португалецот.

