Аргентинскиот интеранциоанлец, Лионел Меси, е избран за најдобар фудбалер во Ла Лига според весникот – „Марка”. Напаѓачот има најголема заслуга за титулата со постигнати 36 голови и 13 асистенции во 34 натпревари.
Тој воедно ја доби и наградата за најдобра стрелец пред Карим Бензема и Луис Сурас со 21 погодок. Според „Марка“, најголеми разочарувања на сезоната се Реал Мадрид и трансферот на Тома Леммар. Кралскиот клуб ја започна кампањата како шампион на Стариот континент, но, без Кристијано Роналдо претрпе комплетен неуспех. „Белите” беа трети во Ла Лига со дури 18 поени помалку од Барса.
Леммар дојде во Атлетико со репутација на светски шампион, но, не ги исполни очекувањата. Шпанците за него му платија големи 70 милиони евра на Монако што претставува – рекорден трансфер во историјата на клубот.