Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Марка објавува инфо: Зошто Меси беше пред Левандовски ?
    Фудбал

    Марка објавува инфо: Зошто Меси беше пред Левандовски ?

    risteBy riste01/12/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    170-те стручни лица кои го дадоа својот глас за наградата „Златната топка“ му го доделија трофејот на Лионел Меси со мала разлика од 33 поени пред Роберт Левандовски. Многумина веруваат дека напаѓачот на Баерн (Минхен) е оштетен, а во последен момент „Франс Фудбал“ се реши да додели нова награда – за напаѓач на годината и му ја даде токму на Роберт Левандовски, која може да се смета за еден вид компромис.

    „Марка“ обрнува внимание на дел од показателите на првите двајца во рангирањето. За календарската 2021 година досега Левандовски има постигнато повеќе голови од Аргентинецот, но Меси го надминува во многу други работи како асистенции, удари кон голот и успешни додавања. Голгетерот на баварскиот гигант досега има 53 гола за својот клуб, што е најмногу од сите играчи во топ 5 европските првенства. Во исто време Меси има 40 постигнати голови.

    Новата ѕвезда на ПСЖ има 16 асистенции наспроти 8 на сметка на Левандовски. Поранешниот капитен на Барса го погоди голот во 103 свои удари, додека тука Полјакот е со 98. Со точни додавања, Меси има три пати повеќе пред Левандовски – 2525 наспроти 715.

    Гласачите секако го земаа предвид фактот дека Меси го освои трофејот на меѓународно ниво – Копа Америка со Аргентина, додека со полската репрезентација Левандовски стигна само до бараж за пласман на СП 2022. Лео исто така одигра голема улога во триумф на Гаучосите во Бразил, откако стана најдобар стрелец во финалето, заврши со најмногу асистенции и беше избран за Играч на турнирот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.