Шпанските медиуми тврдат дека Герет Бејл по европското фудбалско првенство нема да се врати во Реал Мадрид да ја ја одработи последната сезона од договорот туку ќе побара да си замине од тимот.
Според наведеното, репрезентативецот на Велс нема мотиви да игра фудбал бидејќи сака да биде присутен на терените за голф.
33-годишниот Велшанец во претходната сезона настапи како позајмен во англискиот Тотенхем. Тој се појави на теренот на 33 средби на кои постигна 14 голови и направи три асистенции.