Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Маркез пред рекордно учество на СП
    Фудбал

    Маркез пред рекордно учество на СП

    risteBy riste15/05/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Централниот дефанзивец на Мексико Рафаел Маркез е пред учество на петтото по ред светско првенство, откако беше вклучен во поширокиот список од 28 фудбалери од селекторот Хуан Карлос Осорио за шампионатот во Русија. Ако влезе во составот на својата репрезентација за СП во Русија,

    39-годишниот Маркез ќе стане само третиот играч со учество на пет различни СП по сонародникот Антонио Карбахал и Германецот Лотар Матеус. За Маркез, кој во моментов игра за тимот на Атлас, светското првенство ќе биде последно во неговата кариера, бидејќи поранешниот играч на Барселона веќе објави дека се повлекува од фудбалот по шампионатот во Русија.

    Мексико го започнува Светското првенство на 17 јуни со натпревар против светскиот шампион Германија, а потоа ќе игра против Република Кореја и Шведска.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Ако не влезе во ЛШ, Челзи ќе го прекрши финансискиот фер-плеј

    03/02/2023

    Јуве сака да го раскине договорот со Погба

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    • Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого
    • Мартинели потпишал нов договор со Арсенал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.