Бразилскиот дефанзивец на Пари Сен Жермен, Маркињос, проговори за можното заминување на напаѓачот Килијан Мбапе.
„Се обидуваме Килијан да се чувствува што е можно поудобно. И покрај целата ситуација, тој се чувствува добро. Мбапе е среќен што е во Пари Сен Жермен. Подоцна, тој ќе мора да направи сам избор за неговата иднина“ – вели Маркињос.
Мбапе се пресели во ПСЖ од Монако во 2017 година. 23-годишниот фудбалер во сезонава забележа 22 настапа во Лига 1, постигнувајќи 12 гола и 9 асистенции. Претходно се појавија непотврдени информации дека брзоногиот напаѓач од наредното лето ќе го облече дресот на Реал Мадрид.