Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Маркињос: „Поразот во финалето на ЛШ во 2020 година против Баерн е најболниот пораз во мојата кариера“
    Фудбал

    Маркињос: „Поразот во финалето на ЛШ во 2020 година против Баерн е најболниот пораз во мојата кариера“

    risteBy riste13/02/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Маркињос, го опиша поразот во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година против Баерн како најболниот пораз во неговата кариера.

    „Лигата на шампионите е натпреварување кое сакаме да го освоиме бидејќи нашиот клуб никогаш досега не постигнал вакво нешто. Исто така, многу од играчите не ја освоија Лигата на шампионите. Но, нема дополнителен притисок врз нас. Мислам дека за 10 години ги доживеавме истите радости и таги како нашите навивачи. Како, на пример, поразот од Баерн во финалето во 2020 година 0:1. Или оние убави и важни победи кои ни донесоа толку многу емоции… Фудбалот е задоволство да се чувствува победата. Но, тука е и болката од поразите, како од Барселона или Реал Мадрид…

    Ги доживеавме овие спротивни емоции. 2020 година ни ги покажа двете страни на паричката. Бевме многу блиску, но кога не успеваш, тоа е најлошото нешто во животот. За споредба, поразот од Баерн ми е поболен отколку од Реал Мадрид во 2022 година. Бевме многу блиску. Да, ова е најболното. Прашајте кој било играч, нема ништо потешко од тоа да загубите во финалето“, изјави Маркињос.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ливерпул фаворит за потписот на Маунт

    30/03/2023

    Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?

    30/03/2023

    Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим

    30/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ливерпул фаворит за потписот на Маунт
    • Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?
    • Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим
    • Дијаз ќе добие понуда од Англија
    • Горецка: со нетрпение ги чекаме дуелите со Сити
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.