Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус, Клаудио Маркизио, најверојатно ќе ја продолжи кариерата во француската Лига 1. Италијанските медиуми уште синоќа најавија дека 32-годишниот фудбалер, кој моментално е во статус на слободен агент, пристигнал во Монте Карло и е подготвен да потпише договор со Монако.
Претходно беше објавено дека за услугите на играчот од средниот ред се исто така заинтересирани клубови од Кина, како и ПСЖ, Севиља и Спортинг Лисабон.
Како дел од тимот од Торино, Маркизио стана седумкратен шампион на Италија, трипати го освои Купот и трипати италијанскиот Супер Куп.