Поранешниот фудбалер за врска на Јувентус и Зенит, Клаудио Маркизио, ги сподели очекувањата за денешната пресметка меѓу италијанскиот и рускиот состав во 4. коло од Лигата на шампионите.
„Очекувам различен меч во однос на првиот. Зенит има две победи додека Јувентус има два пораза во низа. По лошиот старт на сезоната, Јувентус најде минимален баланс, но, не и идентитет“ вели Маркизио.
„Речиси на секој натпревар гледаме различна формација што значи дека Алегри не ги пронајде најдобрите 11. Мислам дека сегашниов Јувентус не може да се врати на шампионските патеки“ – потенцираше Маркизио.

