Напаѓачот на Реал Мадрид, Марко Асенсио е целосно излечен од тешка повреда на коленото во јули минатата година, пренесува весникот „АС“.
По 251 дена, 35 недели, или околу осум месеци, играчот на Реал Мадрод ја санираше повредата на левото колено по искинатите лигаменти и менискусот.
24-годишниот играч ќе биде во составот на својата екипа за најважниот дел од сезоната на Реал Мадрид. Останаа 11 кола од „Ла Лига“, како и реванш мечот од 1/8 финалето на Лигата на шампиони против Манчестер Сити. Од 12 март, Марко Асенсио тренира во домашни услови откако фудбалерите на Реал Мадрид беа ставени под карантин заради позитивниот тест за коронавирусот на кошаркарот од Реал Мадрид.
Покрај тоа што напорно работеше на тренинзите, Асенсио покажа завидни вештини и џојстик во рака, освојувајќи ја добротворната акција на ФИФА. Сè уште не е јасно кога ќе се продолжи со првенството во „Ла Лига“ за да го очекуваме и негово враќање на теренот.