Кристијан Хорнер минатата година сериозно размислуваше да го напушти составот на Ред Бул и да го преземе Ферари, вели советникот на тимот во Формула 1, д-р Хелмут Марко.
Хорнер од 2005 година успеа да се израдува на 6 светски титули кај возачите и пет кај конструкторите. Ред Бул ја започна тековната сезона со седум победи во исто толку трки.
„Ми требаше цела ноќ да го убедам Хорнер да остане во Ред Бул и тоа не чинеше дополнителни милиони“ – потврди Марко.