Во последниот ден од преодниот рок се засили и белградска Црвена Звезда која обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-белите“ за сума од околу 600.000 евра на име на годишна плата, го донесоа некогашниот репрезентативец на Германија, Марко Марин, кој минатата сезона ја помина како фудбалер на грчки Олимпијакос.
Инаку, Марин го раскина договорот со Олимпијакос и како слободен фудбалер се пресели во Белград. Минатата сезона на 59 настапи за Олимпијакос имаше 12 голови и 10 асистенции.