Советникот на Ред Бул во Формула 1, д-р Хелмут Марко, очекува во наредниот шампионат да има многу поинтересна битка за титулата бидејќи дел од возачите ќе бидат активни во нови екипи.
Тој проценува дека Макс Верстапен ќе има жестока конкуренција во имињата на Хамилтон и Леклер кои ќе возат за Ферари како и во Норис и Пјастри кои ќе бидат во болидот на Мекларен.
„ Доаѓањето на Луис во Ферари ќе биде многу интересен процес и потоа ќе видиме дали Италијанците ќе можат да ја искористат неговата класа“ – вели д-р Марко.