Швајцарскиот скијач Томас Тамлер победи синоќа на велеслалом кој во рамките на Светскиот куп се возеше во Бивер Крик, САД.
Тамлер уште по првото возење беше прв, а трката ја заврши со 2:27.60 минути и ја оствари првата победа во кариерата. Второто место го зазеде Лукас Бротен Пинеиро со заостанување од 0,12 секунди и го обезбеди првиот победнички подиум на Светското првенство за Бразил. Норвежанецот се врати на патеката по една година пауза, а сега се натпреварува за Бразил и го додаде презимето на неговата мајка.
Словенечкиот скијач Жан Крањец го освои третото место со заостанување од 0,58 секунди. Тоа беше неговиот 15-ти пласман на подиумот.

