Играчот на Борусија Дортмунд Марко Ројс ќе остане капитен на тимот и покрај враќањето на дефанзивецот Матс Хумелс, објави весникот „Кикер“. Ова беше потврдено од страна на генералниот менаџер на тимот Михаел Цорг.
Одбрандбениот играч потпиша тригодишен договор со плата од 10 милиони евра годишно. Хумелс беше капитен на Борусија во неговиот претходен престој во клубот. Тој се приклучи на Борусија во 2009 година и беше дел од тимот до 2016 година. Ројс беше именуван за капетан, откако клубот го напушти Хумелс во 2016 година.
Како фудбалер на Борусија, Матс Хумелс двапати ја освои Бундеслигата и Супер Купот како и Германскиот куп. И покрај тоа сепак по неговото враќање, капитенската лента ќе остане на левата рака на Марко Ројс.