Италијанецот Марко Роси е назначен за нов селектор на Унгарија. Поранешниот дефанзивец на Бреша и до неодамна тренер на Хонвед ја зазема позицијата која досега ја извршуваше Белгиецот Жорж Лекенс.
Лекенс беше назначен за селектор во октомври и по три порази на контролните натпревари си замина од селекторското место.
Роси го донесе Хонвед до титулата во Унгарија во сезоната 2016/2017, по што се пресели да работи во словачка Дунајска Стреда. Роси има задача да ја одведе Унгарија на Европското првенство во 2020 година.