Германскиот стручњак Марко Розе, кој претходно беше на чело на Борусија Дортмунд, е нов тренер на РБ Лајпциг. Ова го објави клубот на својата официјална страница.
Како што се наведува во соопштението, договорот на Розе со тимот ќе биде со важност до летото 2024 година. Официјалната прес-конференција по повод назначувањето ќе се одржи во текот на попладневните часови, а во вечерните часови тој ќе го одржи првиот тренинг со тимот.
Да потсетиме, вчера, РБ Лајпциг го објави разрешувањето на Доменико Тедеско од функцијата главен тренер. Под негово водство оваа сезона клубот освои пет бода на пет натпревари во Бундеслигата и е 11-ти на табелата. Ден претходно, тимот загуби со 1:4 од Шахтјор Доњецк во првиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.