Тренерот на РБ Лајпциг, Марко Розе зборуваше за претстојниот натпревар со Манчестер Сити во 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
„Ова е важен натпревар за нас – ова е Лигата на шампионите. Не постигнавме добар резултат во саботата во Волфсбург, но сметаме дека во основа одигравме добро. Сепак, нешто ни недостасуваше за да постигнеме добар резултат. Целта е да бидеме добри вечерва на теренот. Зборувам за постојаност во играта. Ова е стандард на апсолутно врвно ниво. Мораме да бидеме максимално сконцентрирани и на високо ниво доколку сакаме да му парираме на Манчестер Сити“, изјави Розе, за веб-страница на РБ Лајпциг.
По пет кола, Лајпциг е втор во групата Г со девет бодови, Манчестер Сити (12 бода), Црвена Звезда (1 бод) и Јанг Бојс (1 бод). Манчестер Сити и Лајпиг обезбедија пласман во елиминациите на ЛШ, а Ѕанг Бојс и Црвена Звезда се борат за место во Лига Европа.