Марко Силва е најверојатниот нов менаџер на Евертон. Португалецот треба и официјално да биде потврден за нов менаџер на „карамелите“ следната недела.
Силва е фаворит на главниот акционер Фарад Мошири, кој е подготвен да му даде долгорочен договор и токму со овој тренер клубот да се пресели на новиот стадион во 2022-та година.
Повеќето од бордот на директори на клубот велат дека Силва има потенцијал за работа во Евертон по одличните сезони со Хул Сити и Вотфорд.