Она што изминативе денови се пишуваше низ светските медиуми денес доби потврда. Катарскиот фудбалски клуб Ал Араби официјално го објави трансферот на играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Марко Верати.
Да потсетиме, 30-годишниот фудбалер за ПСЖ настапуваше од 2012 година. Минатата сезона Верати одигра 38 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања и постигна една асистенција.
Според информациите објавени на интернет порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 40 милиони евра.