Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, го пропушти денешниот утринскиот тренинг пред реванш четвртфиналето во Лигата на Европа против Гранада, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.
„Маркус не тренираше утрово, ќе му дадам максимално можно време за опоравување. Тој сè уште е загрижен за болката во ногата, но да се надеваме дека ќе биде подготвен да игра утре“, изјави Солскјер за официјалната веб-страница на Манчестер Јунјатед.
Играчот за врска Даниел Џејмс се врати во првиот состав и ќе може да му помогне на својот тим во наредните натпревари. Дефанзивецот Ерик Бејли ќе биде со тимот,но сè уште не е подготвен да влезе во игра. Офанзивниот играч за врска Хуан Мата немал никаков проблем на последниот тренинг и е подготвен да игра против шпанскиот тим. Манчестер Јунајтед ќе игра со Гранада утре, а првиот натпревар заврши со победа на манчестер од 2:0 на гостински терен.

