Мароканскиот фудбалер , Ашраф Хакими, не крие дека е пресреќен по пласманот во осмина-финалето на Муднијалот во Катар. Неговата селекција вчера славеше против Канада со 2:1 и го продолжи престојот на големиот фудбалски настан.
„Завршивме фантастична работа.Од првиот ден верувавме дека можеме да направиме позитивни работи. Заслуживме да испишеме историја“ – вели Хакими.
Составот од Африка во елиминациите ќе се сретне со Шпанија. Мечот ќе биде одиграв во вторник од 16.00 часот.