Англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед го договорил потписот на фудбалерот Софијан Амрабат.
Луѓето од „Олд Трафорд“ денеска биле во Италија за да ги прецизираат сите точки околу ангажманот на играчот на Фиорентина. Мароканецот кој имаше забележителни настапи на последниот Мундијал во Катар, ќе игра една сезона како позајмен во англискиот состав.
Првично премиерлигашот ќе плати 10 милиони евра и ќе добие дозвола да му го откупи договорот на крајот на сезоната за околу 30 милиони со вклучени бонуси.