Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Мароко го сака „скaлпот“ на светскиот шампион Франција
    Фудбал

    Мароко го сака „скaлпот“ на светскиот шампион Франција

    risteBy riste14/12/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Франција ја продолжува одбраната на светската шампионска титула со дуелот против најголемото пријатно изненадување на СП 2022, Мароко. Франција е е на чекор од играње финале на Светско првенство вторпат по ред, а големата цел е да станат само третата селекција по Италија и Бразил што ја одбраниле титулата. Откако Мароко испиша историја како прва африканска селекција што стигнала до полуфинале на Светско првенство, Мароканците сега ќе се обидат, со помош на своите бурни навивачи, да стигнат до големото финале.

    Франција се пласираше во полуфиналето по победата над Англија со 2:1. Во текот на ова првенство покажаа исклучителна ефикасност потврдувајќи дека се расположени за голови против секој противник. Франција не успеа да победи во првите три полуфиналиња на Светското првенство, но „петлите“ постојано стигнуваа до финалето во последните три настапи во оваа фаза. Ова се случи во 1998, 2006 и 2018 година. Тимот на Дидие Дешамп би можел да стане првиот европски тим од 1984 година кој ќе се квалификува во финалето како актуелни носители на трофејот. Досега, само Италијанците го направија ова одново во 1934 и 1938 година.

    Франција на турнирот во Катар досега има примено гол на секој свој натпревар. Мароко е токму спротивниот тим во овој поглед. Досега примија само еден гол за време на СП 2022. А тоа беше автогол на Наиф Агер на натпреварот против Канада.

    Мароко веќе победи три европски селекции во Катар – Белгија, Шпанија (по изведување пенали) и Португалија. Против Хрватите избраниците на Валид Реграги забележаа реми без голови. Мароко, меѓутоа, досега нема победа над Франција. Двата тима играле пет пати еден против друг.

    Натпреварот од полуфиналето на СП во Катар овие две репрезентации го играат вечерва со почеткот од 20 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година

    03/02/2023

    Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата

    03/02/2023

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.