Фудбалерите на Мароко направија сензација на Мундијалот во Катар откако на пенали ја елиминираа Шпанија и обезбедија место меѓу најдобрите осум репрезентации. Селекторот, Валид Реграгуи, вели дека неговите пулени се бореле до крајот.
„Испишавме историјата за фудбалот во Мароко. Нашите навивачи многу ни помогнаа“ -рече Реграгуи.
„Дојдовме да се претставиме во најдобро светло и да го претставиме африканскиот фудбал. Не дојдовме да одиграме само три натпревари, имаме право да сонуваме за титулата“ – вели селекторот на Мароко.

