Фудбалската федерација на Мароко го загуби случајот против ФИФА за привлекувањето во составот на својата репрезентација на напаѓачот Мунир Ел Хадади.
Спортскиот арбитражен суд во Лозана не го прифати барањето на Мароко Ел Хадади да добие право да игра за татковината на своите родители. Младиот фудбалер на Барселона има 13 одиграни минути за репрезентацијата на Шпанија во квалификациите против Македонија во 2016 година, поради што нема право да настапува за друга земја.
Но, 22-годишниот Ел Хадади брзо го загуби своето место во националниот тим на Шпанија и својот клуб Барселона. Оваа сезона тој игра со позајмица во екипата на Алавес.