Репрезентацијата на Мароко ја совлада Португалија со 1:0 (1:0) во четвртфиналето на Светското првенство, со што стана првата африканска селекција што се пласирала во полуфиналето на Светското првенство.
Целиот арапски и африкански свет навиваше за пробивот на Мароко до антологиски триумф над една од најсилните селекции во светот. Мароканците ја совладаа Португалија со истиот рецепт како против Шпанија. Цврста одбрана, одлична дефанзивна тактика, чекање грешки и брзи контранапади.
Единствениот гол за победа на Мароко го постигна Ен Несири во 42 минута.
Ривалот на Мароко ќе биде подобар од дуелот Франција-Англија.