Валид Реграги, ќе биде запишан во историјата како прв селектор од Мароко што обезбедил победа со неговата селекција на еден Мундијал.
Мароканците денеска со 2:0 ја шокираа Белгија. Интересно е што Реграги го презеде тимот само три месеци пред Светското првенство бидејќи Вахид Халилхоџиќ имаше недоразбирање со дел од ѕвездите и беше отпуштен.
Мароко до денеска имаше забележано победи врз Португалија 3:1 во 1986 година и во 1998 година против Шкотска 3:0 но, и двете под водство на странски ментори – Бразилецот, Хозе Фариа и Французинот, Анри Мишел.