Извршниот директор на Јувентус , Џузепе Марота, ги смири шпекулациите за можното враќање на Пол Погба и Алваро Мората во редовите на „Старата Дама“ во текот на летото. Во изминатите недели, слични информации се појавија во медиумите во Англија и Италија.
Шефот на италијанскиот првак, пак, не е премногу оптимист во нивната реализација.
„Јас лично не верувам во враќањето, но знам дека постојат слични очекувања од многу страни. Станува збор за двајца големи фудбалери и прекрасни луѓе. Ако морам да бидам искрен, враќањето е просто само сон“, изјавил извршниот директор на Јуве.