Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота, верува дека неговиот поранешен клуб Јувентус е фаворит за освојување на титулата во Серија А бидејќи нема настапи во европските купови.
„Го освоив моето прво Скудето со Јувентус под водство на Антонио Конте во сезона во која исто така не учествувавме во Европа“ – вели Марота.
„Моето искуство ми кажува дека е голема предност кога имаш можност да ја планираш сезоната само со натпревари во Серија А и турнирот во Копа Италија“ – потенцира Марота.